Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Еминентниот спортски медиум од Британија „Скај Спортс“ пренесува дека од раководството на Манчестер Јунајтед отвориле преговори со Крис Смолинг за продолжување на соработката со клубот.
29 годишниот фудбалер е еден од деветтемина играчи на Манчестер Јунајтед кои остануваат без договор по крајот на оваа сезона. Од раководството веќе му понудиле нов договор и се чека на Англичанецот дали истиот ќе биде прифатен.
Клубот е во преговори и со Давид Де Геа, Ешли Јанг, Хуан Мата и Андер Ерера за нови договори, и јавноста очекува играчите наскоро да ја продолжат соработката со Манчестер Јунајтед.
Она што ги мачи „ѓаволите“ е фактот што Ентони Марсијал барем засега не ја прифаќа подадената рака за нов договор и бара подобри услови за да остане на „Олд Трафорд“.
Медиумите во Англија пак шпекулираат дека нови договори нема да им бидат понудени на Антонио Валенсија, Фил Џонс, Андреас Переира и Матео Дармиан и дека тие ќе може да си заминат од клубот бесплатно по крајот на оваа сезона. Не се исклучува можноста да бидат продадени во јануари за незначителна сума на пари.