Уште еден фудбалер на Ајакс сака трансфер во Барселона


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Откако Барселона го обезбеди потписот на Френки Де Јонг, медиумите во Холандија пишуваат дека уште еден играч на Ајакс сака да се пресели во Барселона.

„Де Телеграф“ пренесува дека соиграчот на Де Јонг од Ајакс, Матијс де Лигт сака да го следи играчот од средниот ред и да се пресели на „Камп Ноу“.

За 19 годишниот централен дефанзивец има неверојатен интерес од неколку европски гиганти како Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Јувентус и ПСЖ.