Уште една „корпа“ од Перишиќ за Манчестер Јунајтед

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ со одличните игри на првенството во Русија уште еднаш го сврти вниманието на Манчестер Јунајтед кон себе.

Сепак, хрватскиот фудбалер, но и челниците на Интер упорно одбиваат да се договорат со „Црвените ѓаволи“.

Перишиќ нема намера да го напушти Интер задоволен со животот во Милано и начинот на кој се развива неговата кариера.

Наместо Перишиќ, Мурињо сега ќе се насочи кон ангажман на неговиот колега од националниот тим, Анте Ребиќ.