Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот репрезентативец, Пол Погба ќе го пропушти натпреварот против Свонси овој викенд.
Јунајтед синоќа беше поразен од Фенербахче во Истанбул со 2:1 во натпреварот од Лигата на Европа, а најскапиот фудбалер на „црвените ѓаволи“ во тој натпревар се повреди.
Погба мораше да ја напушти играта во 30. минута, кога беше заменет од страна на Златан Ибрахимовиќ. Неговото отсуство, итекако се почувствува во играта на гостите од Островот, кој го забележаа вториот пораз и се поблиску се до нов неуспех.
Според досегашните прогнози, Погба ќе го пропушти натпреварот против Свонси и се уште не е познато кога ќе се врати на теренот, но секако дека ова е уште една од лошите вести за Жозе Мурињо и неговите помошници.