Уште едно одлично засилување за Вест Хем


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипата на Вест Хем е во преговори со Спортинг Лисабон околу трансферот на одличниот играч за врска, Вилијам Карваљо.

25 годишниот Карваљо во минатото се поврзуваше со трансфер во сите големи англиски клубови, а најзагреани за неговиот потпис беа Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Сепак до реализација на таков трансфер не дојде, во меѓувреме кариерата на Карваљо не забележа пораст, туку стагнација, па гигантите се откажаа од намерата да го ангажираат Португалецот.

Сега, Вест Хем е подготвен да плати 25 милиони фунти за да го види Карваљо во своите редови и доколку пристигне ќе се приклучи на неколкуте одлични засилувања кои стигнаа во Вест Хем ова лето.