Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот голман, Кепа Аризабалага уште некое време нема да може мирно да спие.
Тренерот на Челси, Маурисио Сари одлучи дека уште некое време ќе го казнува својот прв чувар на мрежата откако во финалето на Лига Купот одби да излезе од игра.
За потсетување, синоќа на голот на „Плавите“ беше Кабалјеро кој ја сочува мрежата во домашната победа против Тотенхем од 2:0.
По мечот, Сари истакна дека Кепа наскоро ќе се врати на теренот, но дека не знае на кој меч тоа ќе биде.
„Мислам дека беше вистинска одлука да се остави на клупата бидејќи направи голема грешка.Ја плати прво цената на клубот, па и тимот, а мислам дека е време тоа да престане. Не знам дали веќе во следниот меч ќе биде на теренот, но во еден од следните ќе биде сигурно“, истакна Сари кој така уште малку ќе тренира авторитет над својот голман.
Инаку, Челси во следната средба игра на гости против Фулам.