Фабрегас во јануари на позајмица, позната неговата следна дестинација


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Цеск Фабрегас нема иднина на „Стемфорд Бриџ“. За ова веќе подолго време се шпекулира, а сега конечно ни пристигна потврда од Лондон.

    Одличниот Шпанец стана вишок по доаѓањето на Антонио Конте, Италијанецот сака што поскоро да ослободи место во тимот за некое засилување.

    Фабрегас на лето беше на чекор до Милан, но трансферот пропадна поради големите приходи кој фудбалерот ги има. Тешко е да се очекува дека некој италијански клуб ќе плати осум милиони евра по сезона за играч од калибарот на Фабрегас.

    Англиските медиуми тврдат дека во јануари Сините би биле среќни доколку го испратат Цеск на позајмица, поради тоа што ќе ги покријат дел од неговите огромни приходи.

    Изборот паѓа на градсите ривали Милан и Интер, а Фабрегас ќе мора да одбере, дали ќе го носи синиот или црвениот дрес.