Фабрегас концизен: Јас тврдам дека ова е одлуката на Азар…


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Шпанецот добро го познава Белгиецот, па неговите зборови во овој случај имаат тежина.

Се повеќе се зборува дека Еден Азар би можел да го напушти Челси и да ги засили редовите на мадридски Реал.

Тој во повеќе наврати и самиот успеа да ја покрене таа приказна,а по неговите последни изјави многумина веќе го преселија на „Бернабеу“.

Белгиецот истакна дека донел одлука, но секако не им кажал на медиумите, меѓутоа, моментално се покренаа информациите дека пресекол да го напушти Челси и да го засили Реал.

Сепак, Цеск Фабрегас мисли поинаку.

Имено, искусниот шпански играч за врска, кој во јануари го напушти Челси и го засили француски Монако, изјави дека верува дека Азар ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.

„Ако Азар истакнал дека веќе донел одлука, тоа е бидејќи одлучил да потпише договор со Челси. Нема да се бори да го напушти клубот. Тоа е неговата личност и тој знае дека Челси е голем клуб и освои се во Англија.

Му се допаѓа Мадрид тоа не е тајна. Но, среќен е во Челси и во Лондон. Тој е ѕвезда и капитен на тимот. Сега има 28 години и ова е многу важна одлуча и ќе биде многу лична“, истакна Фабрегас.

Така што, Цеск верува дека Белгиецот ќе остане во Лондон, па останува да видиме дали е во право.