Фалкао го потврди интересот на Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Монако и репрезентацијата на Колумбија призна дека му претставува голема чест што клуб како Милан се интересира за него.

Се повеќе се шпекулира дека Милан и Монако ќе се договорат за трампа помеѓу Андре Силва и Фалкао, а Колумбиецот даде своја изјава по победата на Колумбија против Полска.

„Прочитав и слушнав за интересот на Милан. Тоа претставува голема чест, затоа што толку голем тим ме следи. Го следам италијанскиот фудбал, Серија А е најтешка лига во светот, а знам дека Росонерите се клуб кој е втор по освојување на титули во Лигата на шампионите“ –коментираше Фалкао.