Фалкао со скриени намери: Од Монако го посакува следниот предизвик на Апенините…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според пишувањата на Кореиро дело Спорт искусниот „Кафетерос“ е забележан во престолнината на Италија каде вечерва ќе присуствува на полуфиналниот меч од Купот на Италија каде Лацио ќе го пречека Милан.

Капитенот на „Кнежевите“ ги одигра сите 90 минути во неделниот триумф над Лион од 2:0 така што конечно после подолг период, Монако побегна од зоната за испаѓање во Лига 1.

На 30-годишниот офанзивец му истекува договорот 2020. година, но се верува дека ја игра последната сезона на стадионот „Луј II“.

Останува да видиме дали некој од двата споменати клуба кои ќе ги гледа вечерва ќе ги конкретизира намерите во смисла на неговиот трансфер, единствено што може да биде проблем се високите примања кои ги има во Монако.

Колумбиецот заработува 10 милиони евра по сезона, што во Серија А не е лесно да се изедначи.

Фалкао досега во Европа ги бранеше боите на Порто, Атлетико Мадрид Манчестер Јунајтед, Челси и Монако, секако дека сака и на Апенините да проба до крајот на кариерата.