Фановите на Јунајтед може да бидат мирни: Барселона се откажа од Погба

Спортскиот директор на Барселона, Ариедо Браида истакна дека Барселона нема да го купи Пол Погба ова лето.

Долго време се шпекулира дека Каталонците се заинтересирани за францускиот фудбалер, а во некои медиуми дури излезе и вест дека Погба ги договорил личните услови со Барселона.

Сепак, на ваквите шпекулации точка стави Браида кој во интервју за едно шпанско радио истакна: „Не верувам дека ќе го донесеме Погба. Тој е врвен играч, но нема да дојде кај нас“.