Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во заостанатиот натпревар од првото коло од Серија А, Милан како домаќин со 2:1 славеше против тимот на Џенова.
Росонерите поведоа уште во четвртата минута со одличниот гол на Сусо. Со овој резултат се замина на полувреме, а веќе по првите десетина минути во вториот дел беше постигна гол во мрежата на Милан.
Капитенот Ромањоли ја смести топката зад грбот на својот голман Донарума и донесе голема радост за гостите.
Сепак, Ромањоли се искупи за овој гол со одличен погодок во финишто на средбата кога донесе триумф на Милан и нови три бода со кои се искачија на четвртата позиција на табелата во Серија А.
Горан Пандев мечот го почна од клупата за резерви, а во игра влезе неколку моменти пред да падне одлучувачкиот гол на натпреварот.
#Romagnoli ! Quel but ! #MilanGenoa 2-1 pic.twitter.com/342femf8uj
— Fr SerieA Videos (@FRVideos_SerieA) October 31, 2018