Фантастичен настап на теквондистите од Охрид на турнир во Романија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Викендов во Орадеа Романија се одржа еден од најсилните А класа ИТФ турнири во централна Европа “РОМАНИЈА ОПЕН 2018”,на кој учествуваа клубови од 12 земји, каде беа комплетните репрезентации на Чешка и Бугарија кои се едни од најдобрите Федерации во светот. Покрај нив имаше претставници од Словачака, Унгарија, Молдавија, Италија, БиХ, Србија,Англија, Австрија,Романија и Македонија.

На овој престижен турнир  учествуваше и нашиот најдобар клуб од Македонија         Таеквон-до клубот“ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, каде нашите натпреварувачи под водство на тренерот  Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион , освоија 13 медали, со што го потврдија својот препознатлив квалитет на Балканот и пошироко.

„Давид Крстески  кој е нашиот најдобар поединец, се искачи највисоко на пиедесталот и на “РОМАНИЈА ОПЕН 2018”,во стилот на големите мајстори , ги совлада сите негови противници  маестрално, демонстрирајќи надмоќ над сите противници, користејќи атрактивни техники  со што докажа дека е спремен за идното Европско првенство кое ќе се одржи  во Италија Римини април 2019. Покрај Давид ,имавме одлично издание и кај другите натпреварувачи , Антонио Јанески, кој е носител на зелен појас, а во неговата категорија  сите негови противници беа носители на црни појаси, успеа да го земе и третото место, при што во полуфинале изгуби за еден поен од актуелен европски и светски шампион од Италија, при што беа сите изненадени од еден зелен појас , да  се искачи на пиедесталот при таква конкуренција. Исто така одлично се преставија, Филип Трифуноски во неговиот атрактивен стил, Елена Јанеска, Марио Крстески и останатите.

Можеме да кажеме дека ова е извонреден крај на оваа натпреварувачка 2018 сезона. Во Романија настапивме со 11 наши натпреварувачи ја збогативме Македонија со 13 медали од кои еден златен , шест сребрени и шест бронзени медали“- истакна тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.

Освојувачи на медали се :

Давид  Крстески                          –  1 место , злато – борби -35 кг кадети 10-11 год.

Марио Крстески                          – 2 место , сребро –борби -40 кг кадети 12-13 год.

Филип Трифуноски                    -2 место,сребро- борби -60 кг кадети 12-13 год.

Елена Јанеска                              -3 место, бронза , – борби -40 кг кадетки 12-13 год.

Климент Кузмановски              -2 место, сребро , – борби -50 кг јуниори 14-15 год.

Антонио Јанески                        -3 место, бронза , – борби -55 кг јуниори 14-15 год

-3 место, бронза , -форми, зелен појас, јуниори 14-15 год

Хриситјан Митрески                -2 место, сребро , – борби -70 кг јуниори 14-15 год

Јане Димов                                -3 место, бронза , – борби +70 кг јуниори 16-17 год

Ангела Вељаноска                  -3 место, бронза , – борби -55 кг јуниорки 14-15 год

-3 место, бронза , -форми, жолт појас, јуниорки 14-15 год

Анастасија Вељаноска           -2 место, сребро, – борби -60 кг јуниорки 14-15 год

-2 место, сребро, -форми, жолт појас, јуниорки 14-15 год