Фантастичен натпревар во Полска: Португалците ја добија домашната елекција во натпревар со пет гола (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентациите на Полска и Португалија одиграа одличен натпревар на „Сласки“ стадионот во Хорзов. На крајот на победа се радуваше гостинската репрезентација која запиша нови три бода во групата 3 од Лигата А во Лигата на Нациите.

Полска дојде до водство во 18. минута преку можеби еден од најдобрите светски напаѓачи во моментов, Пиатек.  На 1:1 израмни Андре Силва во 31. минута, а целосен пресврт донесе Камил Глик кој си ја затресе сопствената мрежа.

На 3:1 зголеми Бернардо Силва во второто полувреме, а поразот на Полска го ублажи Куба Блашчиковски со одличен удар од дистанца.

Португалија е прва во Групата 3 со шест бода, Полска остана на втората позиција со три бода, додека Италија е на последната позиција без освоени бодови.