Фантастичен натпревар во Сингапур: ПСЖ го совлада Атлетико Мадрид (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Сингапур денес беше одигран уште еден натпревар во рамките од Интернационалниот куп, а овој пат копјата ги вкрстија ПСЖ и Атлетико Мадрид кој му припадна на Французите со 3:2.

Двата тима, очекувано, настапија во доста измешан состав, а по првото полувреме резултатот беше 1:0 во корист на ПСЖ. Голот го постигна Нкунку во 32. минута од средбата.

Поголеми возбудувања немаше се до финишот на натпреварот, кога следеше вистинска голеада која во 71. минута ја отвори Диаби кој погоди за водство на парижаните од 2:0. Четири минути подоцна Молехо намали на 2:1, за во 86. минута Бернде со автогол да донесе израмнување.

Сепак, кога сите очекуваа последен судиски свиреж, Посталочи погоди за ПСЖ и со тоа донесе победа за францускиот шампион.