Фантастичен трансфер: Андонова од ПСЖ во Барселона


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова направи уште еден мега трансфер откако го официјализираше договорот со екипата на Барселона.

Андонова во Барса доаѓа од редовите на ПСЖ, а со клубот од Каталонија потпиша договор до 2019 година.

Од клубот ги информираа нивните навивачи дека во Андонова добиле големо засилување затоа што иако има 23 години веќе настапувала во неколку врвни европски клубови.

„Пресреќна сум што се приклучив на Барселона затоа што тие се многу добар тим. Ми се допаѓа се околу клубот. Среќна сум и мислам дека ова е чекор напред во мојата кариера.“- коментираше Андонова по потпишувањето на договорот.

Покрај за ПСЖ, Наташа Андонова ги има брането боите на Розенгард и Турбине Постдам.