Фантастични вести: Се врати еден од клучните играчи на Арсенал пред битката за четвртфинале во Лига Европа…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На „Емирати“ од УЕФА пристигнаа фантастични вести.

Арсенал утре на домашен терен ќе го пречека Рен во рамки на осминафиналето од Лига Европа, а во овој меч „Топчиите“ ќе бидат посилни за Александар Лаказет и тоа откако е прифатена жалбата која ја приложија.

Французинот имено, поради исклучување во мечот против Бате Борисов требаше да пропушти три меча, но по жалбата суспензијата е намалена на два меча, па тренерот Унаи Емери ќе може да смета на него утре против Рен.

Лаказет претходно пропушти два меча, поточно реваншот против Бате Борисов и првиот меч од осминафиналето против Рен кој неговиот тим го загуби со 3:1.

Имајќи предвид дека во последно време игра во одлична форма, нема сомнеж дека Лаказет ќе биде од голема корист за Арсенал во битката за четвртфиналето.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Рен за потсетување, се игра утре со почеток од 21 часот.