Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот извршен директор на Милан, Марко Фасоне, даде интересно интервју за „Соле 24“, во кое откри за деновите поминати во италијанскиот гигант и соработката со кинескиот сопственик Јонгхонг Ли.
Фасоне откри дека Ли сакал да го ангажира Кристијано Роналдо и дека со тој потег сакал да влезе на кинескиот пазар.
„Јонгхонг Ли сакаше во 2017 година да го ангажира Кристијано Роналдо, кој најави дека ќе замине од Реал Мадрид. Со тој потег сакаше да го однесе клубот на кинескиот пазар. Имавме состаноци за да ја дознаеме цената на Жорж Мендеш, но Португалеот беше премногу скап“, кажа Фасоне.
На средината на јули годинава, Фасоне и Ли беа избркани од клубот, а во соопштението на акционерите во клубот, пишуваше дека биле потрошени повеќе од 200 милиони евра на нови фудбалери, а дека кинескиот газда позајмувал пари по неповолни услови од компанијата „Елиот Менаџмент“.