Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, би можел да биде казнет поради изјава пред натпреварот со Манчестер јунајтед.
„Граѓаните“ во дербито победија со 3-1, а Гвардиола неочекувано стигна во центар на внимание кога го спомена судијата Ентони Тејлор, но не во негативен контектс.
Меѓутоа, Гвардиола го прекрши правилото на ФА, според кое на тренерите не им е дозволено да ги споменуваат судиите пред натпреварот.
„Сигурен сум дека Тејлор ќе суди како што треба и ќе биде добар натпревар. Цела Англија и цела Европа ќе го гледа натпреварот“, кажа Гвардиола.
Инаку, Гвардиола не би бил првиот тренер во Англија, кој би се соочил со ваква казна, зашто и неговиот колега Жозе Мурињо беше казнет поради слична изјава пред дуелот со Ливерпул во октомври 2016 година.