Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Фудбалерите во текот на божиќните и новогодишните празници често се опуштаат, па понекогаш знаат да претераат, а користат и недозволени супстанции.
Според информациите од Англија, неименуван фудбалер на еден англиски премиерлигаш бил фатен во тоален на ноќен клуб со кокаин.
Извор на „Сан“ ги откри следните податоци за забавата на кои биле присутни фудбалерите.
„Сите зборуваат за тоа. Не била официјална забава на клубот, но неколку пијалоци по мечот се претвориле во забава, на која биле неколку фудбалери и менаџер на клубот. Соиграч го видел како користи дрога во тоалет. По половина час бил во вистински хаос. Шефот се налутил и го испратил дома со такси бидејќи мислел дека е пијан“, вели извор од непознатиот клуб.
Исто така, извори велат дека еден ден претходно успешно го поминал антидопинг тестот.