Федерер и Надал лесно до 1/4 финале


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федер и Шпанецот Рафаел Надал синоќа се пласираа во 1/4 финалето од АТП турнирот во Индијан Велс.

Надал играше против Србинот Филип Крајиновиќ и победи со 2-0 во сетови, со резтулат 6-3 и 6-4 за Рафа, кој во наредната фаза ќе игра против Карен Качанов.

Од друга страна, Федерер за противник после Вавринка го имаше Кили Едмунд од Велика Британија кој го победи со 2-0.

Швајцарецот му препушти само пет гемови и го победи со 6-1 и 6-4, а во наредната фаза ќе има релативно лесна задача бидејќи игра против 67. тенисер на светот Хуберт Хуркач.

Синоќа помеѓу останатите понатаму поминаа и Милош Раониќ, Доминик Тием и Гаел Монфилис.