Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерер по освојувањето на АО и Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами најави дека нема да игра на наредните 3 Мастерс турнири на земја, а тоа посебно му пречи на директорот во Рим.
Анџело Бигаи, директорот на турнирот во Рим изјави дека Федерер се повлекол затоа што знае дека не може да го освои трофејот.
„Јас сум голем фан на Надал, а Федерер не доаѓа во Рим затоа што знае дека не може да стигне до трофејот. Два пати овде губеше од Надал во финалето, еднаш имаше и 2 меч топки, но турнирот е поголем од било кој играч.“
Федерер по совршениот старт на сезоната најави дека ќе паузира до Ролан Гарос, па така ќе пропушти 3 Мастерс турнири.
Федерер никогаш нема освоено трофеј во Монте Карло, Рим и Шангај.
Рекордерот по број на освоени титули во Рим е Надал кој на овој турнир победи 7 пати додека Ѓоковиќ има 4 титули во Рим.
Титулата оваа година ја брани Мареј кој во минатогодишното финале беше подобар од Ѓоковиќ во 2 сетови.