Федерер не игра на Роланд Гарос!

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер денеска објави дека нема да игра на Роланд Гарос.

„Одлучив да не играм на отвореното првенство во Париз. Вредно работев како и на теренот, така и надвор од него, но за да останам во игра мислам дека треба да ги избегнам игрите на песок и да се посветам на тие на трева и тврда подлога“ – вели Федерер.

„Имав магичен почеток на сезоната. Одлучивме со мојот тим дека играњето на песок не е во интерес на мојата игра и моите подготвувања за остатокот од сезоната. Ќе ми недостасуваат француските навивачи кои секогаш ме подржувале и едвај чекам да се сретнеме на Роланд Гарос но наредната сезона“ – додаде Федерер.