Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роџер Федерер се враќа на теренот по долга пауза.
Поради проблеми со колената тој одигра само 28 натпревари минатата сезона, а последен пат настапи на почетокот на јули.
Сепак, неговиот поранешен тренер Пол Анакон смета дека Федерер може да се врати во стара форма и да стигне до титлата на некој од Грен Слемовите.
„Кога ќе ги погледнете неговите резултати, особено на трева, ако биде здрав, ќе биде тешко да не се стави неговото име во самиот врв. Се е до здравјето, а мислам дека тој сигурно може да се бори за уште еден голем трофеј.“
„Знам колку Роџер напорно работи и колку е посветен на подготовките. Секако дека е предизвик, но големите играчи сакаат предизвици. Очекувам од него големи работи, бидејќи тој е голем играч.“