Фелаини не е единствена желба на Галата, низа звучни имиња пред трансфер во Турција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Галатасарај, Ченг Ергун истакна дека клубот ќе потпише договор со Софијан Фејгули од Вест Хем и Фернандо од Манчестер Сити.

Во Галатасарај веќе пристигнаа звучни имиња како Бафетимби Гоми, Јунес Беланда и Мариано, а Турците наскоро значително ќе го засилат својот кадар.

Претходно медиумите објавија дека Фелаини е пред трансфер во гигантот од Турција, а информацијата ја потврди лично и Ергун.

Спортскиот директор на Галата исто така истакна дека клубот е заинтересиран и за Џејсон Денајер и Хатем Бен Арфа.

„Веќе некое време преговараме со клубот на Денајер. Немаме стапено во преговори со Барселона за Арда Туран. Трансферите кои ќе ги направиме следно ќе бидат вистинско изненадување. Се надевам дека во следниот период ќе потпишеме со Фејгули и Фернандо.“- коментираше Ергун.