Фелер: Само трансферот на Роналдо беше бомбастичен во Италија


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Поранешниот прославен германски фудбалер, Руди Фелер верува дека трансферот на Роналдо е единствениот бомбастичен во Италија ова лето.

Иако бевме сведоци на трансферите на Игуаин, Наинголан, Пасторе, Де Фрај и уште неколку топ трансфери, Германецот верува дека ниту еден од нив не е толку возбудлив.

„Трансферот на Роналдо беше единствен голем трансфер во Серија А ова лето. Другите големи тимови имаа добри трансфери, но тие го правеа тоа и претходните години. Некои тимови имаа паметен трансфер период, други не, но тоа е дел од играта. Роналдо  беше вистински погодок и тоа беше препознаено од Јувентус“ –коментираше Фелер.