Фелипе Мело има нов клуб, се чека само официјална понуда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Фелипе Мело во јануари ќе го напуштги Интер, а веќе е познато и каде ќе ја продолжи кариерата.

Мело договори трансфер во Палмеирас, а се што е потребно е тој и официјално да го реализира раскинувањето на договорот со Интер.

Влијателниот италијански весник Ла Газета дело Спрот донесува вест дека договор меѓу Фелипе Мело и Интер треба да биде раскинат многу брзо, поточно во наредните денови, и дека после тоа следи негово враќање во татковината.

Фелипе Мело кариерата ја почна во Фламенго, после што играше за Крузерио, Гремио, Маљорка, Расинг Сантандер, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Галатасарај и Интер.

За репрезентацијата на Бразил одигра 22 натпревари, а за Интер во оваа сезона настапи на натпревари во Серија А каде што собра само 175 минути.