Фенербахче бара тренер, во игра и Михајловиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После лошата серија на резултати, Филип Коку, тренерот на Фенербахче доби отказ и активно се бара негова замена, а на негово место судејќи според медиумите, може да биде Михајловиќ.

Тој моментално е во судски спор со Спортинг од Лисабон, но слободен е да превземе нова работа и сигурно дека евентуалното ново работно место во Фенербахче ќе му претставува нов предизвик во неговата тренерска кариера.

Се наведува дека друг кандидат освен Михајловиќ за тренерското место во Фенербахче е Дејвид Мојс, Лорент Бланк, Леонардо Јардим па дури и Арсен Венгер.

Фенербахче моментално во турската лига се наоѓа тек на 15 место.