Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фенербахче игра катастрофално сезонава во турскиот шампионат, па веќе го сменија претходниот тренер, а во турските медиуми се појави информација дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е желба на многу гиганти.
Елмас во минатото се поврзуваше со Манчестер сити, Тотнем, Бенфика, Борусија Дортмунд и многу други клубови, а последен во листата е Лацио.
Италијанските медиуми пишуваат дека Лацио би можел да го ангажира Елмас, односно да ја платат откупната клаузула од 23 милиони евра.
Инаку, македонскиот репрезентативец има договор со турскиот гигант до 2022 година.