Фенербахче подобар во дербито против ЦСКА Москва – Девет поени на Перо Антиќ во големата победа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Фенербахче победија на домашен паркет против ЦСКА Москва во натпревар од 21-во коло во Евролигата, 77:71.

ЦСКА го започна подобро натпреварот, 4:9. Домашните влегоа во серија од седум поени и стигнаа до водство на натпреварот, 11:9. Со кошот на Нунали, Фенербахче после првата четвртина имаше минимално водство, 15:14.

Во втората четвртина се менуваа водствата на двете страни. Пред крајот на првата четвртина гостите од Москва постигнаа осум коша во серија за водство на полувреме од четири поени, 36:40.

Кошаркарите на Фенербахче се разиграа во третата четвртина, стигнаа до првата двоцифрена предност на натпреварот, 59:49. Домашните им дозволија на ЦСКА Москва да постигнат само 11 поени во претпоследната четвртина од натпреварот. Со предност од 9 коша, Фенербахче влезе во последните десет минути од натпреварот, 60:51.

Гостите четири минути пред крајот на натпреварот намалија на четири поени негатива, 65:61. Фенербахче до крајот на натпреварот ја задржа предноста и на крајот победи, 77:71.

Јудо со 15 поени го предводеше Фенербахче до победа. Богдановиќ додаде 12 поени, а Датом 10 поени. Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ денешниот натпревар го заврши со 9 поени. Кај ЦСКА Москва најефикасен беше Нандо Де Коло со 23 поени.