Феноменален натпревар во Лондон: Континен и Пирс стигнаа до титулата


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Финецот Хенри Континен и Џон Пирс ја освоија титулата во конкуренција на двојки во Лондон.

    Тие двајца во финалето беа подобри од Класен и Рам. Резултатот по 1 час и 13 минути борба беше 2:6, 6:1 и 10:8.

    Континен и Пирс така го завршија својот одличен настап во Лондон, бидејќи во групата победија 3 пати, а во ½-финале ги победија браќата Брајан.

    Тие за триумфот на АТП финалето ќе добијат 1900 АТП бодови, како и награда од 435.000 долари.