Феноменално деби на Кагава: Влезе во игра и за две минути даде два гола (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Бешикташ со убедливи 6:2 славеа на гостувањето кај Анталијаспор во рамките од 20. коло од турскиот шампионат.

Тимот од Истанбул ја најави победата уште по првите 45. минути кога имаше предност од 3:0. Љаиќ, Токоз и Хачинсон ги постигнаа головите за гигантот од Турцја во првиот дел.

Четвртиот гол за Бешикташ дојде по една грешка на домашен фудбалер кој си постигна автогол.

Потоа, на девет минути пред крајот во игра влезе поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд, Шинџи Кагава. Една минута од неговото влегување Кагава постигна гол за 5:1, а две минути подоцна погоди од слободен удар за 6:1.