„Ферари ако ги стисне забите и гас, може да ги победи Германците во Мелбурн!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според зборовите на возачот на Ред Бул, Мерцедес на почетокот на сезоната би можеле да имаат голем проблем.

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо го прифаќа фактот дека неговиот тим сеуште не може да му направи проблеми на Мерцедес. Но смета дека од Ферари би можеле да им направат големи проблеми.

„Во овој момент изгледа дека Ферари е блиску до темпото на Мерцедес. Ние го немаме тоа темпо, но Ферари изгледа силно.“

„Ќе ги стигнеме и ние со тек на време. Во овој момент не се чувствуваме најдобро во сите делови, но забрзано се работи на понатамошен напредок.“