„Ферари ќе биде во предност во Бахреин“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека трката за ГН на Бахреин ќе биде многу возбудлива.

Истакна дека условите на оваа патека најмногу им одговараат на момците од Ферари, но рече дека Мерцедес никогаш не се предава.

„Многу сум среќен што се вратив во Бахреин. Овде секогаш и интересно. Сите во тимот работиме за да оствариме добри резултати. Почетокот на сезоната ни наговестува многу возбудувања. Ферари мислам дека имаат предност на оваа патека поради големата температура. Сепак ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ – вели Хамилтон

Трката во Бахреин се вози на 16ти април.