Фергусон го израдува Солскјер: Среќен сум што ни дојде на тренинг!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По три победи по ред на Манчестер јунајтед се врати довербата кај навивачите во фудбалерите, а утре тие ќе имаат пресметка против Њукасл во 21. коло од Премиерлигата.

„Ѓаволите“ играат како препородени по пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер, па атмосферата во клубот се поправи по заминувањето на Жозе Мурињо од тренерската позиција.

Исто така, Алекс Фергусон се врати на трибините и го следеше својот омилен клуб, а притоа доби и нова функција и во моментов е советник на Солскјер, кој е негов верен ученик.

Фергусон се појави и на тренингот на Манчестер јунајтед, а тоа не беше случај додека тренери беа Луј Ван Гајл, Дејвид Мојс, па Солскјер кажа дека е горд затоа што легендарниот тренер бил на тренингот.

„Среќен сум што бев на тренинг и уживавме. Верувам дека и тој ужива додека трае тренингот и на него се забележа дека тоа му е потребно. Ги охрабри фудбалерите и кажа дека ќе доаѓа често“, вели Солскјер.