Фергусон му даде совет на Манчестер - откриен неговиот фаворит за тренер на Јунајтед!?

Оле Гунар Солскјер ќе го предводи Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, откако претходно Жозе Мурињо доби отказ.

Не се исклучува можност Солскјер да остане на тренерската позиција на „ѓаволите“ и по крајот на сезонава, но тоа ќе се случи само доколку има добри резултати со тимот.

Сепак, Сер Алекс Фергусон има свој фаворит, а тоа е Маурицио Покетино, сегашниот тренер на Тотнем, па наводно ја советувал управата на „црвените ѓаволи“ да го ангажира него.