„Фергусон не доаѓа често, ниту многу се меша“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо за англиските медиуми откри каков однос има со легендарниот Алекс Фергусон.

Додека водеа тренерска битка Мурињо и Фергусон не се симпатизираа премногу, но ако судиме според зборовите на сегашниот стратегна Манчестер Јунајтед, односот меѓу нив двајца денеска функционира многу добро.

Мурињо изјави дека Фергусон, кој е денеска еден од директорите и амбасадорите на клубот, не се меша во работата на Олд Трафорд.

„Чувствувам поддршка од Фергусон. Тој многу е ценет во Манчестер Јунајтед, но не сака премногу да биде тука. Воопшто не доаѓа често и многу малку се меша“, изјави Мурињо.

Црвените ѓаволи под Мурињо моментално се наоѓаат на шестата позиција во Премиер лигата.