Фергусон пропушти само два дуели во кариерата, а една од причините е – Де Хеа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, во својата кариера има пропуштено само два натпревари на својата екипа, но за тоа имаше добра причина.

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Стил, кој работеше во време на Фергусон откри дека Шкотот во 27-годишната кариера на „Олд Трафорд“ пропушти само два натпревари. И двапати имал добра причина за тоа, а една од нив бил и Давид де Хеа.

„Се сеќавам дека Фергусон пропушти само два натпревари додека беше во Јунајтед. Првпат тоа се случи во 2000 година кога се венчаше неговиот син. А вториот пат? Тогаш одеше да го гледа Де Хеа како игра“, кажа Стил.

Фергусон бил воодушевен од одбраните на Де Хеа, кој тогаш како „гром од ведро небо“ се појави на голот на Атлетико Мадрид. На него му биле доволно само 65 минути за да се убеди во квалитетот на Де Хеа.

„Давид беше фантастичен на натпреварот и Сер Алекс по 65 минути знаеше дека мора да го купиме. Знаевме дека ќе ни донесе квалитет и веднаш реагиравме. Давид знаеше да згреши, но Фергусон никогаш не го критикуваше“, објаснува Стил.