Фернандињо во „аут“, Сити му најде замена од 130 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити планира ремонт наредното лето на тимот, а Пеп Гвардиола најави дека Фернандињо е одличен фудбалер, но ќе мора да му биде пронајдена замена наскоро.

Англиските медиуми шпекулираат дека „Граѓаните“ веќе ја пронашле неговата замена, па очигледно Сити ќе троши повторно „луда“ сума за ново засилување.

Еден од најдобрите фудбалери на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, е голема желба на Гвардиола, кој сака да го ангажира наредното лето, а Сити ќе мора да плати дури 130 милиони евра, а притоа сигурно ќе му биде понуден и богат договор на талентираниот фудбалер.

Така би можел да се случи уште еден одличен трансфер меѓу двете екипи, откако претходно англискиот клуб го ангажираше Серхио Агуеро, кој стана еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата.