Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ред Бул, Рикардо изјави дека доаѓањето на Ферстапен во тимот му помогнало да го донесе своето возење на ново ниво.
Иако Рикардо сеуште нема победа оваа сезона, а Ферстапен победи на своето деби за Ред Бул во Шпанија, тој повеќе пати се качи на подиумот.
Бидејќи на последните трки се покажа како голема закана за Мерцедес, Рикардо изјави дека верува дека ќе вози подобро откако има дополнителен притисок во вид на Ферстапен.
„Мислам дека неговото доаѓање беше чекор напред за мојата кариера. Секогаш мислев дека сум на граница, но потоа Макс дојде и ме подобри. Бев добар во споредба со Квајт, а потоа стигна Макс.“
„Чувствувам дека Макс уште повеќе ја подигна својата игра и интересно е да се сфати дека е можно да се постигне уште нешто. Мислам дека 2-та си помогнавме ден на друг.“
„Кога имате нов тимски колега, тоа секогаш е возбудливо. Тоа е дополнителен предизвик, но и уште една личност од која може да научите нешто и да напредувате. Од таа страна е возбудливо, но исто така знаев дека ако ме победи на 10 трки по ред, мојата кариера би се уништила. Кога ги видов неговите податоци, не знаев ништо, но по првиот тренинг во Барселона се ми беше јасно.“
Тој признава дека многу значи за неговата самодоверба кога ќе го победи Ферстапен, исто како што беше случај по преминувањето во Ред Бул кога го победи Фетел.
„Кога тука беше Фетел, знаев дека ако бидам добар со него, тоа ќе биде добро за мојата кариера. И ако бидам во споредба добар со макс, новото дете, тоа ќе ми помогне. Не сум исплашен, само сум возбуден.“