Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Градовите Мадрид и Баку се кандидираа за домаќин на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2019 година, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).
На Олимпискиот стадион во Баку ќе се се играат натпревари од ЕП во 2020 година, а новиот стадион на Атлетико Мадрид „Метроплитан“ ќе биде отворен во оваа година.
УЕФА наведе дека меѓу кандидатите се уште Глазгов (Хемпден Парк), Истанбул (стадионот на Бешикташ) и Севиља.
УЕФА го врати процесот на кандидати за домаќин на финалето на ЛШ, после што годинава за тоа се одлучуваше без јавни понуди.
Во оваа сезона фианлето на ЛШ ќе биде одржано на стадионот Милениум во Кардиф, додека наредната година домаќин на најважното натпреварување на европскиот клупски фудбал ќе биде Киев.
Да потсетиме, финале во Мадрид беше и тоа од 2010 година кога Интер го совлада Баерн Минхен со резултат 2:0, па во случај Сантијаго Бернабе повторно да ја добие организацијата, ново финале во претстолнината на Шпанија ќе биде после само девет години.