Финалниот состав на Хрватска за ЕвроБаскет 2017

 

Селекторот на Хрватска денеска го објави конечниот список за претстојниот ЕвроБаскет.

 

Александар Петровиќ немаше проблеми со составување на тимот за ЕвроБаскет 2017 бидејќи сите хрватски играчи беа здрави и му беа на располагање.

12-те играчи кои го составуваат националниот тим на Хрватска се следните: Роко Лени Укиќ, Бојан Богдановиќ, Марко Поповиќ, Филип Круслин, Крунослав Симон, Дарио Шариќ, Дарко Планиниќ, Марко Томас, Драган Бендер, Лука Зориќ, Иван Рамлиак и Иван Бува.

 

Хрватска се наоѓа во групата Ц, заедно со Шпанија, Чешка, Црна Гора, Романија и Унгарија.