Фирмино направил голема грешка, навивачите бараат од Клоп да го отстрани од тимот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул не играат на Боксинг деј, но утре го дочекуваат Стоук. Црвените се на второто место во Премиер лигата, но состојбата на „Енфилд“ не е баш идеална.

Имено, навивачите започнаа иницијатива за менаџерот Јирген Клоп да го изостави од составот еден од најдобрите играчи, Роберто Фирмино.

Бразилецот во неделата направил голема глупост, возел во пијана состојба, а полицијата го запрела, па се очекува казна.

Во полицискиот извештај се наведува дека 25-годишниот фудбалер во раните утрински часови бил застанат во центарот на Ливерпул поради возење во алкохолизирана состојба.

Навивачите се налутија поради ваквото однесување на Фирмино, и ова многу ги потсетува на ситуацијата со Мамадоу Сако, кој поради недисциплина беше отстранет од екипата и од ова лето не ни се врати во составот.

Сега прашањето е што ќе одлучи германскиот стратег? Навивачите се плашат од најлоштото, но тоа е најмалку од можното сценарио.