Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светскиот фудбалски сојуз (ФИФА) ги одреди казните за инволвираните во настаните за време и по натпреварот Србија- Швајцарија.
Она што е важно е тоа дека нема драстични казни за никого, па така Џака и Шаќири ќе може да играат на следниот натпревар за Швајцарија. И двајцата добија казни од околу 9.000 евра поради прославата на головите, додека нивниот соиграч Лихштајнер заработи казна од 4.500 евра.
Од друга страна Српската фудбалска федерација ќе мора да плати околу 47.000 евра поради непримерни транспаренти и пораки на нивните навивачи, додека претседателот на сојузот, Славиша Кокеза како и селекторот Младен Крстајиќ добија по 4.500 евра казна.
Кога ќе се погледне од страна се чини дека Србите со своите коментари го извлекоа „подебелиот“ крај од целата оваа ситуација.