ФИФА го одби приговорот на Челси, забраната за трансфери останува


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Од ФИФА и официјално го одбија приговорот на Челси и нивното барање казната за забрани да биде одложена.

Сепак и покрај овој чекор од ФИФА, Челси може да го обжали решението  пред Спортскиот Арбитражен суд и од нив да побара забраната за трансфери да биде одложена се додека не се разгледа нивната жалба.

За потсетување пред околу еден месец ФИФА изрече ригорозна казна за Челси според која клубот од Лондон ќе добие забрана за регистрација на играчи во следните два трансфер периоди.

Ваквата казна доаѓа откако клубот од Лондон прекршил низа правила и прописи при ангажирањето на младински фудбалери.