Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последната гала-церемонија на ФИФА за избор на најдобар фудбалер ја налути управата на светската фудбалска федерација.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, како и многумина, е разочаран што на доделувањето во Лондон не дојдоа Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Тие двајца во последните десет години доминираа, а сега таа доминација ја прекина Лука Модриќ.
ФИФА реши да воведе ново правило и да ги натера ѕвездите да присуствуваат на гала-церемонијата.
„АС“ пишува дека Инфантино контактирал адвокати да истражат како може да ги убедат ѕвездите да дојдат на гала-церемонијата, па наскоро може да очекуваме потег на ФИФА.