Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФИФА официјално почна дисциплинска постапка против швајцарските фудбалери Гранит Џака и Џердан Шаќири поради нивната прослава против Србија.
Србија прва стигна до водство и сите помислија дека ќе триумфираат, но Швајцарија направи неверојатен пресврт и ги освои трите бода.
Новинар на швајцарскиот портал „Блик“, Андреас Бени напиша на својот официјален Твитер профил дека е почнат процесот.
„Официјално: ФИФА почна дисциплински процес против Џака и Шаќири поради прославата на головите“, напиша Бени.
Доколку ФИФА пресуди дека се виновни, тогаш споменатите фудбалери ќе бидат казнети со два меча суспензија.