ФИФА прави „циркус“ од Мундијалот во Катар


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Не е доволно што изборот на домаќинот направи скандал и тоа што ќе се игра сред сезона, па следуваат нови промени, на што личи тоа, а такво нешто може само да се замисли.

На Мундијалот во 2022 година ќе учествуваат 48 тимови. Според изветашите на светските медиуми, одлуката ќе биде потврдена во петок на заседанието во Мајами, а конечната ќе биде објавена во јуни.

Осве Катар, некои натпревари треба да се играат во Оман и Кувајт, тимовите би биле поделени како што беше решено за Мундијалот во 2026 година во 16 групи да играат по три тима.

Проблем се стадионите, потребни се уште два кои ги исполнуваат критериумите, а во Кувајт веќе постои еден, оваа земја би направила без проблем уште еден, а исто така во Оман би бил изграден уште еден стадион.

Емиратите и Саудиска Арабија отпаѓаат од политички причини, како и Бахреин кој ја следи политиката на своите моќни соседи.

Нема да се менува ниту терминот од ноември до декември, но ниту должината на траењењ на турнирот, а како што пишуваат светските медиуми, проширувањето на форматот значи и повеќе пари за ФИФА.

ФИФА од спонзори ќе заработи околу половина милијарда долари повеќе од Мундијалот. Од друга страна, шампионатот со таков квалитет ќе има сигурно многу досадни натпревари, но дефинитивно и повеќе пари.