Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кажа дека коментарите на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино нема да влијаат премногу на одлуката да се игра еден натпревар во САД.
„Секако дека би сакале првиот човек на ФИФА да се согласи со нас. Но, тоа не е така, ама во секој случај нема да влијае на нашето мислење. Наша цел не е само еден натпревар да огираме таму, туку имаме цела стратегија“, кажа Тебас.
Идејата е во јануари во Мајами да играат Џирона и Барселона, а двата клуба се заинтересирани да патуваат во САД.
„Ни се допаѓа идејата. Веруваме дека тоа е вистински начин да се промовира Ла Лига и шпанскиот фудбал“, кажа првиот човек на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу.