ФИФА со жестока казна: Челси доби забрана за трансфери!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Челси денеска доби казна од Светската фудбалска федерација (ФИФА) и нема да може да ангажира фудбалери во следните два преодни рока, а притоа клубот ќе мора да плати и 460.000 фунти.

Челси направи прекршок при ангажирање на малолетници, па поради тоа не можеа да избегнат казна. Во секој случај, се очекува нивна жалба во наредниот период.

„Челси го прекршил членот 19 од правилата во случај на 29 малолетни фудбалери. Тие го прекршиле и членот 18. Дисциплинската комисија му забранува на Челси да регистрира фудбалери за следните два преодни рока. Оваа казна се однесува на цел клуб, освен на женските екипи“, пишува во соопштението.

Фудбалската асоцијација на Англија исто така била виновна за слични прекроци и е казнета со 390.000 фунти, па има рок од шест месеци да ги реши проблемите.